УЕФА го казни Атлетико поради нацистички поздрави

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Атлетико Мадрид со делумно затворање на стадионот „Ванда Метрополитано“. Причината за оваа казна е тоа што навивачите на актуелниот шампион на Шпанија, на првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер сити користеле нацистички поздрав.

Стадионот на Атлетико Мадрид има капацитет од 68 илјади места, а клубот е казнет со затварање на трибините за пет илјади навивачи.

Исто така на тој дел од трибините клубот ќе мора да постави и натпис: „Кажи му не на расизамот“.

Се вчитува...