УЕФА го казни Фенербахче поради скандирањата за Владимир Путин

Европската куќа на фудбалот УЕФА се реши да го казни Фенербахче со 50.000 евра и затворање на дел од трибината за 5.000 гледачи на следниот домашен натпревар, поради „фрлање на предмети и скандирање на провокативни пораки со навредлива содржина“, на средбата против Динамо Киев во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Турските навивачи во еден момент го извикуваа името на Владимир Путин. Медиумите пишуваа дека била реакција на Витали Бујалски кој што откако го постигна голот за водство, со рацете емитирал орел, кој е симбол на Бешикташ, ривалот на Фенербахче. Динамо после 0-0 на првито меч, во Истанбул славеше 2-1 после продолженијата и се пласираше во 3. квалификациско коло.

Тренерот на Динамо, Мирчеа Луческу после поразот одбил да се појави на прес-конференцијата во знак на протест, а Фенербахче испрати соопштение во кое наведе дека однесувањето на навивачите никако не ги претставува ставовите на клубот, но не се извини.

Се вчитува...