УЕФА го казни Вардар со 55.000 евра, за лошата организација на мечот со Малме во Струмица

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни македонскиот првак Вардар парично за лошата организација на натпреварот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, кој се одржа на стадионот „Младост“ во Струмица. Раководството на „црвено-црните“ ќе треба да плати 55.000 евра за неколку престапи кои се направени според правилниците на УЕФА. Иако паричната казна воопшто не е мала, сепак, во предвид се земени и условите за организација на стадионот во Струмица, со оглед дека некои клубови во регионот добија и делумно затворање на стадионите за следните натпревари.

Вардар беше казнет според неколку точки: фрлање на предмети на теренот, девијантно однесување на публиката и попречување на актерите, блокирање на скалите на трибините, како и палење на факели и нивно фрлање на теренот.

kazna uefa za vardar

Се вчитува...