УЕФА го намалува наградниот фонд во ЛШ?

Европската фудбалска организација е во голема финансиска криза и ќе го намали наградниот фонд во Лигата на шампионите во наредните пет сезони. Британскиот „Тајмс“, повикувајќи се на извори од врвот на УЕФА најавува дека ваков чекор мора да се направи поради пандемијата со коронавирусот. УЕФА наводно загубила околу половина милијарда евра, што е огромен удар за богатата организација.

Во наредните пет сезони УЕФА ќе го намали наградниот фонд за четири отсто и со тоа треба да ги балансира загубите предизвикани со падот на маркетиншките активности. По оваа одлука, наградниот фонд наменет за клубовите треба да биде помал за околу 80 милиони евра по сезона, односно УЕФА да надомести најмалку 400 милиони евра за пет сезони.

Се вчитува...