УЕФА го натера Интер да го смени изгледот на дресовите (ФОТО)

Интер настапува на гостувањето против Шахтјор во своите гостински бели дресови, но италијанскиот првак беше принуден да го промени дизајнот на опремата за овој натпревар.

Имено, белите дресови на Интер се со сино-црни змии како дополнителен ефект во дизајнот, нешто што УЕФА го забранува во своите правила.

„Според правилникот, на дресовите е забрането покажување на слики, илустрации или други симболи“, се вели во објаснувањето на европската куќа на фудбалот.

Поради ова, италијанскиот гигант вечерва настапува со бели дресови без змии, а истото се очекува да биде случај на сите европски средби до крајот на сезонава на кои Интер ќе игра со бела комбинација на опремата.

Се вчитува...