УЕФА го обајви терминот за почетокот на бараж мечот против репрезентацијата Косово

Фудбалската репрезентација на Македонија на 26. март следната година ќе го пречека Косово во полуфиналето од баражот за Европското првенство во 2020 година. Денеска, беа познати и домаќините на финалните мечеви, но и точниот почеток на мечевите од полуфиналето.

Имено, Македонија ќе го пречека Косово на националната арена „Тодор Проески“ на 26. март, а мечот ќе биде со почеток во 20:45 часот. Доколку избраниците на Игор Ангеловски ја поминат првата препрека, пласманот на ЕВРО 2020 ќе го бараат нагости против победникот од второто полуфинале меѓу Грузија и Белорусија, а тој натпревар ќе се игра на 31. март со почеток во 18 часот.

 

Се вчитува...