УЕФА го претстави новиот пехар, кој ќе биде негов прв сопственик во среда?

УЕФА и КОНМЕБОЛ претходно договорија дека прваците на Европа и на Јужна Америка ќе играат натпревар кој ќе се нарекува „Финалисима куп на шампионите“. Натпреварот меѓу Италија и Аргентина ќе се игра во среда на „Вембли“, а победникот од овој дуел ќе подигне и трофеј.

Објавени се фотографии како ќе изгледа пехарот кој ќе го добие победничкиот тим. Трофејот се нарекува „Финалисима“, а на некој начин го симболизира единството меѓу овие две континентални фудбалски асоцијации.

Покрај називот на трофејот, тука и си амблемите на УЕФА и КОНМЕБОЛ како организатори на овој настан.

Се вчитува...