Најдобрата македонска фудбалска репрезентација останува во лигата „Ц“ и ќе биде во третиот шешир заедно со Словачка, Северна Ирска и Кипар во пресрет ждрепката која ќе се одржи во Париз на 8 февруари 2024 година и која ќе ги утврди групите за следната Лига на Нации.
УЕФА во меѓувреме го потврди новиот формат во ова натпреварување. Нема повеќе да се игра само полуфинале и финале, туку сега УЕФА вметна и две 1/4 финални натпревари. Но, тоа се однесува само во натпреварите во А и Б групата, додека во групите Ц и Д ова правило не важи.
Во групите Ц првопласираните одат во групата „Б“, а второпласираниот во плеј-офот ќе добие дуел со некоја од третопласираните од групата Б, и ќе се борат за влез во повисок ранг. Досега само првопласираните селекции добиваа промоции во повисок ранг, а второпласираните не добиваа ништо.
Сменет е и форматот во групата А. УЕФА воведува и 1/4 финале, наместо досега само полуфуинале. Таму во групите А, второпласираните четири екипи ќе вкрстат со првопласираните четири, а потоа полуфинале и финале. Тоа значи два дополнителни меча, во ионака згуснатиот распоред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА