УЕФА го суспендираше романскиот судија кој предизвика расистички скандал во Париз

Романскиот судија Себастијан Колтеску е суспендиран до крајот на сезоната, објави Европската фудбалска федерација (УЕФА). Споменатиот судија предизвика голем скандал за време на натпреварот од Лигата на Шампиони меѓу ПСЖ и Башакшехир во Париз на 8. декември минатата година.

Да потсетиме, тогаш Романецот го употреби зборот „негро“ додека се обидуваше нешто да укаже на еден од играчите на Башакшехир, по што сите играчи на турскиот шампион го напуштија теренот и заминаа во соблекувалната. Натпреварот продолжи следниот ден и ПСЖ убедливо славеше.

Иако Колтеску се извини, па рече дека станува збор за недоразбирање и дека нема желба да навредува некого, УЕФА сепак го суспендираше и тој нема да биде на фудбалските терени до крајот на сезоната 2020/21.

Се вчитува...