УЕФА има нов план: Лигата на шампиони останува без групната фаза?

Светските медиуми повторно пишуваат за големи промени во најелитното европско натпреварување, а овој пат се најавува дека УЕФА од 2024 година драстично би можела  да го промени форматот во Лигата на шампионите. Според „Тајмс“, УЕФА ги разгледува сите свои опции за нов циклус на продажба на ТВ-правата, кој ќе започне во 2024 година.

Групната фаза не би постоела, но 32 екипи би играле според таканаречениот „швајцарски систем“. Првите осум екипи по одиграни 10 кола ќе одат директно во осминафиналето, додека следните 16 екипи на табелата (од 9-то до 24-то место) би играле во плејофот, со што би биле утврдени преостанатите осум екипи кои ќе играат во осминафиналето.

Овој систем е карактеристичен за шаховските турнири, каде учествуваат голем број на играчи. По секоја рунда се одредуваат парови за следната фаза, така што противниците се играчи (во овој случај тимови) кои имаат ист или приближно ист број на освоени бодови.

Тимовите кои веќе еднаш имале заедничка пресметка нема да можат да се сретнат двапати, што значи еден ваков формат би донел целосна промена во Лигата на шампиони!

Се вчитува...