Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучила да ја исфрли Спартак Москва од осминафиналето во Лигата на Европа, пренесува „Билд“. Како што пренесува германскиот медиум, Лајпциг без борба ќе се пласира во четвртфиналето од ова натпреварување.
Двомечот меѓу Лајцпиг и Спартак требаше да се игра на 10. и 17. март, а првиот натпревар требаше да биде во Германија, додека реваншот во Русија.
„Во близок контакт сме со федерацијата и имаме потполна доверба во УЕФА. Очекуваме натпреварите да бидат откажани“, изјави директорот на Лајпциг Оливер Минклаф.
УЕФА пред некој ден и го одзема на Русија домаќинството на финалето во Лигата на шампионите и му го додели на Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА