УЕФА ја „почести“ Црвена Звезда со казна од 55 илјади евра

Црвена Звезда денеска од 21 часот против Монако го започнува натпреварувањето во Лига Европа, а пред „црвено-белиот“ дуел доби „честитка“ од УЕФА која ќе ги чини белграѓани 55 илјади евра. Станува збор за казна поради пропуст во организација на дуелот против Макаби Хаифа од плејофот за Лигата на шампионите.

Виновни се верните навивачите на српскиот гигант кои не го почитувале прописите, а притоа „црвено-белите“ ќе подлежат и на „условна казна“ со времетраење од две години со тоа што доколку се повтори пропустот ќе следи и забрана за присуство на навивачи.

Дел од казната вклучува употребна на факели и ласери, а 16 илјади евра се наменети за „блокирање на јавни премини“ со што уште еднаш се потврдуваат строгите критериуми кои ги применува УЕФА.

Се вчитува...