УЕФА објави: Шкендија ќе инкасира најмалку 780.000 евра, а Вардар, Работнички и Шкупи – по 500.000 евра

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави сумите што ќе ги заработат клубовите учесници во европските купови за наредната сезона 2018/19. Во целина, наградите за европските купови се зголемени за 900 милиони евра, а добро ќе профитираат и македонските клубови.

Македонскиот првак Шкендија, кој ќе игра во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, ќе заработи најмалку 780.000 евра. Оваа сума се добива кога ќе се соберат финансиските награди за настапот во квалификациите за ЛШ (260.000 евра), потоа учеството во првото квалификациско коло од ЛШ (280.000 евра), како и настапот во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, доколку во најлоша варијанта Шкендија испадне уште во првата рунда од ЛШ (240.000 евра). Доколку успее да помине во второто квалификацико коло од ЛШ, тогаш наградата ќе биде нови 380.000 евра.

Трите македонска клуба кои ќе учествуваат во квалификациите за Лигата на Европа, Вардар, Работнички и Шкупи, ќе инкасираат најмалку по 500.000 евра. Поголем дел од нив (260.000 евра) се награда за пласманот во квалификациите за ЛЕ, а самото учество во првото коло од ова натпреварување носи уште 240.000 евра.

Доколку клубот мине во второто коло од квалификациите, тогаш е гарантирана дополнителна заработка од 260.000 евра.

Да се учествува во Европа е привилегија, но и носи многу пари…

Се вчитува...