УЕФА ќе донесе конечна одлука во вторник: Извесно одложување на баражите за ЕВРО 2020

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на почетокот на идната седмица ќе се изјасни за новонастанатата ситуација во Европа со коронавирусот и најверојатно ќе ги одложи бараж-натпреварите од плејофот во Лигата на нации за пласман на ЕВРО 2020. Исто така многу веројатно е дека ќе бидат одложени и мечевите од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа. Дел од клубовите, посебно во Италија, веќе се во комплетна изолација и не постои начин да го продолжат натпреварувањето најмалку во наредните две седмици.

УЕФА планира во вторник да организира конференциска врска на претседателот Александер Чеферин со челниците на фудбалските федерации, ќе биде разгледана новонастанатата ситуација и ќе биде донесена конечната одлука. Извесно е дека мечевите ќе бидат одложени, а дотогаш веројатно ќе се знаат и новите термини за одигрување на плејоф мечевите за пласман на ЕВРО 2020.

 

Се вчитува...