УЕФА ќе ги исфрли Реал и Јувентус од Лигата на шампионите?

Не стивнува бурата за формирањето на новата Суперлига и покрај тоа што дури девет од дванаесетте тима се откажаа од ова натпреварување. УЕФА е пред одлука со која би можело Јувентус и Реал Мадрид кои се уште веруваат во новото натпреварување да бидат исфрлени од Лигата на шампионите на една година.

На тоа инсистираат членовите на извршниот одбор на УЕФА, пренесуваат италијанските медиуми. Функционерите на УЕФА сметаат дека тоа би бил прав одговор на ударот кој сакаат да го направат овие два тима на фудбалот.

Тоа значи дека Реал Мадрид ќе остане без шанса да ја заврши оваа сезона во Лигата на шампионите, а нема да настапува во неа и следната. Јувентус иако во моментов се наоѓа на третата позиција во Серија А, доколку биде донесена одлука нема да смее да настапува следната година во елитното натпреварување.

 

Се вчитува...