УЕФА ќе го „почести“ Милан со навивачи на „Маракана“ – Црвена зведа доби дозвола за публика

Црвена звезда доби дозвола од УЕФА да пополнат 30% од капацитетот на својот стадион, но тоа не е конечна одлука. Сега се чека на Кризниот штаб во Србија, од кој мора да се направи анализа, па да се донесе одлука и да се добие препорака дали на натпреварот од нокаут фазата во Лигата на Европа ќе биде овозможено присуство на навивачи.

Според официјалната веб-страница на клубот, доколку Кризниот штаб одобри, Црвена звезда ќе ги објави билетите за продажба. Но, само на најлојалните, на оние кои на почетокот на сезоната веруваа во враќање на навивачите на стадионот.

Ова значи дека приоритет при купување билети ќе имаат сопствениците на сезонски билети, а потоа и членовите на клубот, додека бројот на продадени билети ќе зависи од одлуките што ќе бидат донесени од комисијата за заразни болести. Доколку се почитува одлуката на УЕФА и се дозволени 30% од капацитетот, тоа би значело дека „црвено-белите“ ќе имаат поддршка од околу 16 илјади навивачи.

Првиот натпревар помеѓу Црвена звезда и Милан во нокаут фазата од Лигата на Европа ќе се одигра на 18 февруари во Белград, додека вториот е закажан за седум дена подоцна во Италија. Црвена звезда во моментов се подготвува во Анталија, а пред мечот со Италијанците ќе одиграат три првенствени натпревари во кои скоро сигурно нема да има навивачи.

Се вчитува...