УЕФА: Македонија може само во две групи на ЕВРО 2020!

Освојувачот на групите Д од Лигата на Нации, трофеј за кој конкурира и Македонија, може да биде сместен во групите Ц или Ф, објави УЕФА во пресрет на ждрепката што ќе се одржи во Букурешт на 30 ноември.

Европската куќа на фудбалот објави дел од диригирањето на ждрепката, а клучно за нас е што во пресрет на извлекувањето Македонија е во истото друштво како и селекцијата на Косово. Бидејќи Косово не може да се најде во иста група со БиХ, Србија и со Русија, освојувачот на групите Д од Лигата на Нации согласно диригирањето ќе биде или во групите Ц или Ф.

Она што е отсега познато е дека носител на групата Ц е Холандија, а во оваа група може да влезе и Романија, доколку обезбеди виза преку Лигата на Нации. Сигурен носител на групата Ф е репрезентацијата на Германија.

Се вчитува...