УЕФА: Мечот во Париз ќе продолжи, ќе има и истрага

УЕФА преку соопштение објави дека ќе биде спроведена истрага за однесувањето на четвртиот судија за време на дуелот меѓу ПСЖ и Башакшехир.

Гостите го напуштија теренот обвинувајќи го романскиот арбитар за расизам, во тоа беа поддржани и од играчите на ПСЖ, а по долги убедувања Турците конечно се согласија да го доиграат мечот. Четвртиот судија ќе биде преселен во ВАР-возилото, додека ВАР-судијата ќе ги преземе неговите обврски крај гол-линијата.

„По наводниот инцидент во кој беше вклучен четвртиот судија, дуелот во Париз беше привремено прекинат. По консултациите со двата тима беше договорено мечот да продолжи. УЕФА темелно ќе спроведе истрага за случката, по што ќе бидат соопштени резултатите од истата“, се вели во соопштението на европската куќа на фудбалот.

Се вчитува...