УЕФА му забрани на Гибралтар да игра на стадионот „Викторија“

Фудбалската асоцијација на Гибралтар, соопшти дека домашните натпревари ќе ги игра на стадионот во Фаро, Португалија. Дуелите од Лигата на Нации оваа земја ги играше на Викторија стадионот, кој е со вештачка трева, и кој не ги исполнува потребните услови на УЕФА.

На овој стадион гостуваше и Македонија во минатото издание на Лигата на Нации, а гостуваше и Шкупи кога ги одмери силите со Линколн. Меѓутоа УЕФА повеќе не дозволува оваа земја да игра на тој стадион.

Во тек е изградба на стадион во јужниот дел од Гибралтар, па додека биде готова изградбата, селекцијата ќе ги нагости репрезентациите во Фаро. Во исто време на Гибралтар му е наложено да ги подобри и сместувачките капацитети, доколку сака во иднина да ги игра мечевите во квалификациите на свое тло.

Гибралтар во квалификациите се падна со Грција, Холандија, Франција и Р. Ирска, и нема никакви шанси да се пласира на ЕВРО 2024 година.

Се вчитува...