УЕФА направи нов пресек – Ова се репрезентациите кои засега ќе учествуваат во баражoт за ЕП

Продолжуваат возбудувањата во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година. Како што е од порано познато на крајот на секој ден во кој се играат квалификациските натпревари, УЕФА ги ажурира учесниците во баражот за следниот Еврошампионат.

Нашата репрезентација во полуфиналето ќе игра против Косово, откако со синоќешниот пораз од Чешка соседот ги загуби шансите преку квалификациите да избори учество на евро-самитот.

Врз основа на моменталната состојба на квалификациските табели еве кои репрезентации се дел од баражот:

Лига А: Швајцарија, Исланд, Бугарија/Израел/Романија

Лига Б: Босна и Херцеговина, Велс, Словачка, Северна Ирска 

Лига Ц: Шкотска, Норвешка, Србија, Бугарија/Израел/Романија

Лига Д: МАКЕДОНИЈА, Грузија, Косово, Белорусија 

Според моменталната состојба, бидејќи голем дел од репрезентациите од А и Б лига преку квалификациите обезбедија учество на ЕВРО 2020, две од Бугарија, Израел и Романија ќе ги заземат местата во А лигата, додека третата ќе игра во Ц лигата.

Полуфиналните натпревари се закажани за 26. март 2020 година, додека финалните мечеви ќе се играат на 31. март 2020.

Се вчитува...