Минута мол за славните личности не е воопшто чудна појава на спортските натпревари, но тоа никогаш се нема случено среде натпревар, посебно не на високо ниво во натпреварување под УЕФА.
Британската кралица Елизабета Втора почина на 96 годишна возраст. Би-Би-Си ја објави веста за време на натпреварот од првото коло во Лига Европа помеѓу Арсенал и Цирих во Швајцарија, а играчите на двата тима во тој момент биле во соблекувалните.
И тогаш беше направен преседан, УЕФА дозволи едноминутно молчење среде натпревар. Поточно, играчите на двата тима застанаа на центарот, со наведнати глави, пред почетокот на вториот дел, а на семафорот беше прикажана графика со фотографија од кралицата и натпис: „Во спомен на нејзиното височество кралицата Елизабета 1926-2022 година“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА