УЕФА негира: Ние не одлучуваме за титулите, само националните федерации

Од Европската куќа на фудбалот во изјава за португалскиот спортски весник „А-Бола“, ја негираат денешната вест на шпански АС дека УЕФА ќе ги информира европските национални федерации за предвремен прекин на првенствата, согласно актуелната ситуација со коронавирусот, и доделување на шампионските пехари на сите екипи кои се лидери на табелите во домашните првенства.

Извор на УЕФА за „А-Бола“ тврди дека УЕФА не може и нема правна основа да даде таква препорака затоа што националните федерации, секоја пооделно, ќе одлучува околу начинот на крај на првенствата и согласно ситуацијата во земјата.

„Проблемите со коронавирусот не се идентични во сите земји членки на УЕФА, па затоа и не може сето тоа да се генерализира. А ние секако не сме надлежни да даваме такви препораки на федерациите кои се наши членки. Надлежноста е исклучиво на националните федерации околу одлуката како ќе финишираат нивните првенства“ – велат од УЕФА.

Се вчитува...