УЕФА објави кој е најбрзиот фудбалер во Лигата на шампионите

Интересни статистички податоци се појавија во извештајот на УЕФА за претходното издание на Лигата на шампионите. Меѓу овие парамети има и список на најбрзите фудбалери во елитното натпреварување во минатата сезона. Првото место го држи ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе.

Тој на натпреварот против Баерн Минхен во еден момент трчал со брзина од 33,98 километри на час. За нијасна помала брзина псотигнал бекот на Лајпциг, Лукас клостерман кој токму против ПСЖ трчал со брзина од 33,89 километри на час. Третото место го држи играчот на Аталанта Ханс Хатебур, а потоа се Ашраф Хакими и Алфонсо Дејвис.

 

Се вчитува...