УЕФА одлучи: Двете средби Порто – Челси ќе се играат во Шпанија

Двете средби од четвртфиналето од Лигата на Шампионите меѓу Порто и Челси ќе бидат одиграни на неутрален терен во Шпанија, објави денеска УЕФА. Португалија неодамна беше тргната од државите од „црвената зона“ на листата на Велика Британија, но во УЕФА се стравува дека во блиска иднина може да дојде до нови рестрикции во патувањето меѓу двете земји.

Поради ова, двата натпревари ќе бидат одиграни на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“ во Севилја. Првиот дуел е закажан за 7 април, а реваншот за 13 април.

Подобриот од овој двомеч за ривал во полуфиналето ќе го има победникот од четвртфиналниот двомеч меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

 

Се вчитува...