УЕФА одлучи: Познати домаќините на финалињата во ЛШ, Лига Европа и Суперкупот

УЕФА одлучи завршницата од Топ 8 во Лигата на шампионите да се игра во Лисабон, откако претходно ќе бидат докомплетирани осминафиналните натпревари, пренесува „Скај спорт“.

Баерн, Јувентус, Барселона и Манчестер сити ќе бидат домаќини на Челси, Лион, Наполи односно Реал Мадрид на своите стадиони во последните четири осминафинални пресметки, по што ќе бидат познати последните четири екипи учесници на Топ 8 завршницата во Лисабон.

Иста формула ќе биде применета и за Лигата на Европа, откако ќе се одиграат преостанатите натпревари од осминафиналето. Топ 8 завршницата во Лигата на Европа ќе се игра во Германија.

Одлучено е европскиот Суперкуп да се игра во Будимпешта, додека финалето од Лигата на шампионите за жени во Шпанија.

Сите овие одлуки официјално треба да бидат донесени на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА на 17. јуни. Тогаш ќе бидат познати и датумите за бараж пресметките од Лигата на нации за пласман на Европското првенство.

Се вчитува...