УЕФА одлучи: Вардар ќе игра во Лигата на шампионите, ако сезоната не се заврши

Преку видеоконференција Извршниот одбор на УЕФА денеска одржа состанок на кој е донесена одлука околу европските натпреварувања. Одлучено е, доколку сезоната не се заврши во националните првенства, местата за настап во европските купови следната сезона ќе се определуваат според остварените резултати до моментот на прекин на лигите.

Тоа значи дека клубовите согласно актуелниот пласман на табелата ќе одат во европските натпреварувања следната сезона, a не според коефециентот на УЕФА како што претходниве денови се најавуваше. Доколку сезоната не заврши во Првата македонска фудбалска лига, Македонија во Лигата на шампионите ќе ја претставува Вардар додека во Лига Европа ќе играат Силекс и Шкендија.

Секако, УЕФА очекува сезоната да се заврши во поголемиот дел од европските сезони. Тоа е и препораката до националните федерации, лигите да завршат до 3. август.

И претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини вчера најави дека основна интенција на ФФМ е сезоната да биде завршена, како и што препорачува УЕФА.

Се вчитува...