УЕФА организира ново натпреварување по систем Ф4 и ќе се игра во Америка

УЕФА тргна во голем ремонт во своите клупски натпреварувања, почнувајќи од новиот формат на Лигата на шампионите, а сега подготвува ново натпреварување за навивачите.

УЕФА подготвував турнир кој би почнал пред Лигата на шампионите, и би послужил како увод во сезоната, пишува „Марка“. Тоа натпреварување треба да почне во 2024 година, како и новиот формат во ЛШ. Според пишувањето на шпанскиот медиум, натпреварувањето треба да се игра во формат полуфинале и финале, а на него би учествувал сигурно и победникот во Лигата на шампионите.

Засега се разгледува тоа да биде како еден вид УЕФА Супер-Куп, со тоа што се размислува да учествуваат и победниците во Лигата на Европа и Лигата на Конференции, а не е познато кој ќе биде четвртиот противник. Дали ова би значело дека ќе биде замена за класичниот Супер-Куп во кој играа победникот од Лигата на Европа и Лигата на шампионите, останува да се види. Оваа година Супер-Купот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Реал Мадрид треба да се игра во Хелсинки во август. Идната година рускиот град Казан би требало да биде организатор, меѓутоа прашање е дали ќе биде со оглед на руската инвазија на Украина.

За 2024 година и натаму нема одлучено кој ќе биде организатор.

Се вчитува...