УЕФА отвори истрага против Лацио за расизам

УЕФА отвори истрага за расистичкото однесување на навивачите на  Лацио на натпреварот од Лига Европа против Рен одигран минатата недела. УЕФА испратила писмо до клубот во кое се вели дека е под обвинение за расизам врз основа на членот 14 од Дисциплинскиот правилник кој се однесува на расистичко однесување на трибините.

Одлуката за евентуални санкции ќе биде донесен на состанокот на телото задолжено за дисциплински и етички прашања на 17. ноември. Истрагата се однесува на дел од навивачите на Лацио кои за време на натпреварот гестикулирале покажувајќи го нацистичкиот поздрав.

Темата за расизам во италијанскиот фудбал е отворена веќе извесен период, а насоките од УЕФА се дека мора да се користат сите методи ваквото однесување да биде спречено.

Се вчитува...