УЕФА планира дел од натпреварите во Лигата на нации да се играат на неутрален терен!?

Европската куќа на фудбалот планира и дел од натпреварите во Лигата на нациите кои треба да се играат на почетокот од следниот месец да се играат на неутрален терен. Една таква одлука би можела да биде донесена пред финалето од Лигата на шампионите кое се игра на 23. август.

Пандемијата од коронавирусот е причина УЕФА да одложи или откаже голем број репрезентативни натпревари во помладите категории, но сега размислува и некои од натпреварите во Лигата на нациите да се играат во земји кои се помалку изложени на коронавирусот. На тој начин УЕФА сака да избегне ситуација во која натпревари би се откажувале во последен момент.

„Блиска соработка меѓу сите репрезентации и УЕФА ќе биде неопходна за да се организира регуларно организирање на сите натпревари. Ниту моѓноста за меѓународни натпревари на неутрален терен не може да биде отфрлена во овој момент“ – објави УЕФА минатата недела.

Македонија својот прв натпревари од Лигата Ц во Лигата на нации против Ерменија го игра на 5. септември во Скопје. Засега е познато единствено, ако натпреварот се игра во Скопје дека ќе биде пред празни трибини.

УЕФА денеска ги откажа првенството за фудбалерки до 17 години кое требаше да се игра во Шведска, а и го одложи и турнирите за млади репрезентации до 19 години.

Се вчитува...