УЕФА почна со одложувања: Севилја – Рома и Интер – Хетафе нема да се играат утре

УЕФА официјално одложи два натпревари во Лигата на Европа. Одложени се првите осминафинални натпревари Севилја – Рома и Интер – Хетафе. Причина е коронавирусот кој направи сериозни проблеми во Европа и во светот. Посебно погодено подрачје е Италија, па одложени се натпреварите на кои треба да настапуваат италијанските клубови.

Тие имаа проблеми. На авионот на Рома не му беше дозволено да слета во Шпанија, а Хетафе одби да одлета за Милано.

Се вчитува...