УЕФА покрена истрага: Неславен крај на кариерата на Златан Ибрахимовиќ?!

Златан Ибрахимовиќ се соочува со сериозна опасност неславно да ја заврши кариерата откако УЕФА покрена постапка против шведскиот ас поради неговата инволвираност во компанија за обложување, нешто што е категорично забрането од страна на европската куќа на фудбалот.

Неодамна беше објавено дека Златан дел од своето богатство го вложил во обложувалницата со име „Бетхард“, а УЕФА денеска и официјално отвори истрага за овој случај.

„Согласно членот 31(4) од Дисциплинскиот правилник на УЕФА, етичките и дисциплинските директори на УЕФА се задолжени да спроведат истрага за потенцијалното кршење на правилата од страна на Златан Ибрахимовиќ, кој наводно има финансиски влог во сопственичката структура на една обложувалница“, се вели во соопштението на УЕФА.

Златан Ибрахимовиќ пред само неколку дена потпиша нов договор со Милан, но доколку УЕФА го прогласи за виновен тоа ќе повлече и суспензија од најмалку една година, што ќе значи и неславен крај на кариерата на шведскиот фудбалски волшебник.

Се вчитува...