УЕФА потсети на голот на Барди против Ерменија и прашува: Дали може да биде стрелец и против Италија? (ВИДЕО)

Европската куќа на фудбалот УЕФА се подготвува за бараж дуелот меѓу Италија и Македонија. На социјалните мрежи УЕФА не потсети на голот на Енис Барди против Ерменија. Притоа постави прашање „Дали тој ќе биде стрелец и против Италија?“

Барди ќе биде еден од адутите на Благоја Милевски за дуелот со Италија. Тој ќе треба да дејствува во средниот со Адеми, во отсуство на Елмас и Костадинов.

Македонскиот национален тим денеска во 17 часот со чартер заминува во Палермо. Дуелот се игра во четврток со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...