УЕФА потврди: Финалето од ЛШ ќе се игра во Порто

УЕФА и официјално го потврди тоа што веќе се најавуваше деновиве: Финалето од Лигата на шампионите место во Истанбул ќе се игра на „Драгао“ во Порто.

УЕФА одлучи да го промени домаќинот на финалето во ЛШ во кое ќе играат Манчестер сити и Челси откако Англија ја стави Турциј на црвената листа држави за нивните граѓани во време на пандемијата. Тоа значи дека навивачите, новинарите и играчите ќе мораа во двенеделен карантин по враќањето од оваа земја.

На крај е одлучено финалето да се игра во Порто, со оглед на тоа што Португалија не е на листата забранети земји во Велика Британија.

Истанбул така, втора година по ред, остана без организација на финалето од Лигата на шампионите. Минатата година системот на натпреварување беше променет поради пандемијата, па завршниот турнир се играше во Лисабон.

Се вчитува...