Македонската фудбалска репрезентација ќе биде носител во групата Д од новиот проект на УЕФА – Лигата на нации, кој ќе стартува во 2019 година. Со позитивните резултати во вториот дел од квалификацискиот циклус за СП 2018, Македонија се избори да биде меѓу носителите во последната по ранг група во ова натпреварување, заедно со селекциите на Азербејџан, Белорусија и на Грузија. Ова доби своја официјална потврда денеска и од Европската Куќа на фудбалот, иако и од претходно беше познато.
Во вториот барабан, и наши можни противници се Ерменија, Летонија, Фарски Острови и Луксембург, во третиот се распоредени Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и Малта, а во најслабиот се Андора, Косово, Сан Марино и Гибралтар.
Ова е убава шанса за Македонија да биде прва во својата група (ќе бидат одредени четири групи со по четири репрезентации), а потоа низ плејоф да се обиде да стигне до пласман на едно големо натпреварување, ЕП 2020, за првпат во нашата историја, кога е сениорскиот фудбал во прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА