УЕФА потврди: Сезоната 2024/25 носи нова ера во европскиот фудбал

Сезоната 2024/25 во европските клупски натпреварувања ќе донесе голема промена во форматот. Досегашната групна фаза заминува во историјата, а новиот формат ќе биде применет во Лигата на Шампионите, Лига Европа и Конференциската лига, потврди УЕФА.

Учесниците во трите натпреварувања ќе се пласираат на истиот начин како и досега, но за разлика од групната фаза која брои 32 клубови поделени во осум групи по четири тимови, ќе има лигашка фаза со 36 тимови.

Во Лигата на Шампионите и Лига Европа секој тим ќе добие осум противници кои ќе бидат поделени во четири групи по два тима во зависност од квалитетот и ќе бидат одиграни вкупно осум натпревари, четири на домашен терен и четири на гостински, додека во Конференциската лига секој тим ќе настапи против шест противници.

Тимовите кои ќе завршат од првата до осмата позиција влегуваат директно во осминафиналето, тимовите пласирани од деветтата до 24. позиција ќе се сретнат во нокаут плеј-оф рунда за пласман во осминафиналето, додека тимовите од 25. до 36. позиција ќе бидат елиминирани од натпреварувањето.

Нокаут фазата останува во досегашниот формат со по два елиминациски натпревари – на домашен и на гостински терен, а и големото финале ќе биде одлучено во еден натпревар.

Целта на новиот формат е да донесе голема неизвесност каде секој гол ќе биде од голема важност.

Се вчитува...