УЕФА пресуди: Суспензија од 10 години, сомнителен меч со Црвена Звезда во Лигата на шампионите

Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Едгарс Гауракас со десетгодишна суспензија од фудбалот поради местење натпревари.

Поранешниот напаѓач, а сега генерален директор на летонски Спартак од Јармала, и официјално е суспендиран од фудбалот на десет години.

За суспензијата Гауракас проговори за естонските медиуми, за локалниот спорт „Делфи“ рече дека се уште не добил официјална одлука на УЕФА, но дека останува доследен на своето тврдење дека всушност се е големо недоразбирање.

Гауракас беше под истрага поради натпреварот помеѓу Спартак Јармала и Црвена Звезда одигран на 17 јули 2018 година. Станува збор за реваншот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, во кој Црвена звезда славеше со головите на Бен и Крстичиќ во 78. и 81. минута од играта. Првиот натпревар меѓу двата тима заврши без голови.

Се вчитува...