УЕФА: Шкендија е најдобриот македонски клуб во последната деценија

Шкендија е најдобриот македонски клуб во последната деценија, согласно најновата објавена листа од страна на Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Тетовци од 2014 година се редовни учесници во европските клупски натпреварувања, што ги издвои како најуспешен македонски колектив во меѓународни рамки, поминувајќи го Вардар на листата кој изминативе две години, поради недобиената лиценца, не можеше да биде дел од европските клупски натпреварувања.

Шкендија на ранг-листата на УЕФА за најдобрите клубови во последните десет години е на 284. место, а од останатите македонски клубови во Топ 500 има место уште за Вардар кој е на 366. место, како и Работнички кој е на 380-та позиција.

Се вчитува...