УЕФА денеска објави дека Фенербахче ќе мора да плати казна од огромни 10 милиони евра откако се утврдени низа манипулации и неправилности во финансиското работење на турскиот гигант.
Специјален одел во УЕФА редовно го проверува спроведувањето на правилата за финансиска издржливост и соодносот на приходите и расходите на клубовите, покривањето на платите на играчите, трансферите и менаџерските провизии.
Ситуацијата станала симптоматична по одредени клаузули во договорите со Жозе Мурињо, Керем Актуркоглу, Милан Шкринијар и Диего Карлос, а особено проблематичен бил трансферот на Актуркоглу, кој пред самиот крај на летниот преоден рок од Бенфика се врати назад во турскиот фудбал потпишувајќи за Фенер.
Пријавената плата на турскиот репрезентативец во Фенербахче изнесувала 35 евра месечно, апсолутниот минимум според правилата на Турската Федерација. Проблемот е во тоа што веќе било познато дека Актуркоглу со години претходно, во Галатасарај и во Бенфика заработувал милионски суми, по што била спроведена детална истрага која утврдила дека тој бил директно плаќан од друго место, конкретно од компанија на членот на УО на Фенербахче, Хакан Сафи, кој уште при реализацијата на трансферот се пофалил дека самиот ќе покрие 35 милиони евра во наредните четири години, само турскиот репрезентативец да го облече сино-жолтиот дрес.
УЕФА го докажа криминалот и изрече казна, а се очекува во посебна постапка истото да го стори и државата, која ќе го гони Фенербахче за затајување на данок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
