УЕФА со препорака: Кој води сега, дајте му пехар за шампион

УЕФА на утрешната видеоконференција со националните фудбалски федерации ќе донесе одлука за ЕВРО 2020, продолженијата од сезоните во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, а куќата на фудбалот ќе даде и препорака за начинот на финиширање на првенствата ширум Европа.

Според весникот „Ас“, третата тема ќе донесе и интересна препорака – предвремено завршување на сите лиги и доделување на шампионските пехари на сите екипи кои моментно се лидери на табелите во домашните првенства. Со тоа би била донесена една единствена одлука што би се однесувала на цела Европа, со која Вардар би ја добил титулата во Македонија, Ливерпул во Премиер-лигата, Барселона во Ла Лига, Јувентус во Серија А.

Како преседан се споменува случајот со Србија во 1999 година, кога поради бомбардирањето од НАТО сезоната кај нашиот јужен сосед не беше доиграна, а титулата му беше доделена на Партизан, кој во моментот на прекинот имаше два бода предност во однос на Обилиќ.

Ова ќе биде само предлог, а интересно ќе биде да се види каков ќе биде одговорот на националните федерации. За очекување е да се наиде на огромен отпор од големите лиги кои имаат богати договори за ТВ-права и би загубиле десетици милиони евра доколку сезоната не се доигра.

Се вчитува...