УЕФА со жестока казна за Црвена Звезда за инцидентот на мечот против Митјиланд

Српскиот фудбалски клуб, Црвена Звезда доби жестока казна од Европската фудбалска федерација (УЕФА) за инцидентот кои го приредија нејзините навивачи по мечот против Митјиланд во Лигата на Европа. „Црвено-белите“ нема да може да сметаат на поддршката на нивните навивачи на клучниот меч против Лудогорец во петтото коло, а српскиот тим ќе треба да плати и казна од 45.000 евра.

За потсетување, навивачите на белградскиот тим разочарани од поразот од Митјиланд фрлаа предмети кон теренот како би го погодиле главниот судија, а место тоа „подебелиот крај“ го извлече кондицискиот тренер на клубот.

Се вчитува...