УЕФА во шок по скандалозната изјава на портпаролот на Карабах: „Да ги убиеме сите жени, деца, старци…“

Европската куќа на фудбалот покрена процес по итна постапка против Карабах откако висок функционер на клубот имаше скандалозна изјава повикувајќи на убивање на сите Ерменци.

Нурлан Ибрахимов, кој во Карабах е задолжен за односи со јавноста, брутално настапи со скандалозни повикувања за убиства.

„Мора да ги убиеме сите Ерменци. Деца, жени, старци, без покајување. Ако ние тоа не го направиме ќе не убијат тие нас“ – напиша Ибрахимов на приватниот профил и направи огромен проблем за клубот.

Карабах веднаш се обиде да се дистанцира од зборовите на својот менаџер за односи со јавност, но пропушти и шанса да го каже својот став на оваа тема. Карабах потсети на бомбардирањето на неколку градови од страна на ерменските сили.

Карабах сезонава игра во групната фаза од Лигата на Европа а противници му се Виљареал, Макаби Тел Авив и Сиваспор. По два натпревари е без ниту еден освоен бод.

Се вчитува...