УЕФА во тага: Почина легендата која воведе едно од најважните правила во фудбалот

Европската куќа на фудбалот соошшти дека денеска почина долгогодишниот нивен член Ханс Багертер. Тој почина на 98-годишна возраст. Швајцарецот беше три децении генерален секретар на УЕФА, од 1960 до 1988 година.

Покрај останатите одлуки, Бангертер ќе се памети по две важни одлуки кои ги воведе во фудбалот. Најпрво го воведе принципот „фиксни датуми“ за мечевите во меѓународна конкуренција. Така клубовите и репрезентациите можеа многу лесно да ги организираат своите календари за секоја сезона, знаејќи кога ги чекаат настапи во Европа, кога ќе имаат слободни денови, и кога ќе мораат да ги пуштаат играчите за репрезентациите.

Покрај тоа, Багертер го воведе револуционерното правило „гол на гости“, што важеше се до почетокот на минатата сезона. Пред тоа беше доколпку натпреварот заврши нерешено, или после двата меча и двата тима се израмнети, тогаш морале да играат уште еден натпревар. Но, Багертер тоа го укина, и реши дека гол на гости вреди повеќе, и дека понатаму ќе оди онаа екипа која има повеќе дадено голови на гостински терен, во случај двата тима да имаат изедначен скор.

Правилото беше применувано се до минатата сезона, кога УЕФА реши дека повеќе не важи, и сега без разлика на бројот на постигнати голови, доколку двата тима имаат израмнет скор, се играат продолженија, па пенали.

Се вчитува...