УЕФА започна истрага против ПСЖ поради три спорни трансфери кои се реализираа од Франција во Катар ова лето, открива шпанска „Марка“.
Станува збор за трансферите на Јулијан Дракслер кој премина во Ал Ахли за девет милиони евра, Абду Диало кој за 15 милиони евра реализираше трансфер во Ал Араби исто како и Марко Верати за кој катарскиот клуб издвои 45 милиони евра.
Сомнежот е дека овие трансфери се реализирани помеѓу клубовите со катарски газди со цел ПСЖ да ги покрие потребите за запазување на финансискиот фер-плеј и доколку истите се потврдат УЕФА може да ги замрзене финансиите на францускиот првак придобиени од трансферите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА