УЕФА жестоко го казни Ајнтрахт за „инвазијата“ на навивачите по пласманот во финалето на ЛЕ

Дисциплинската комисија на УЕФА жесотко го казни Антрахт Франкфурт поради влетувањето на навивачите на теренот по пласманот во големото финалето од Лига Европа. Имено, германскиот клуб покрај казната од два натпревара пред празен стадион и 80 илјади евра, доби и условна казна во период од две години.

Навивачите на Ајнтрахт по победата во полуфиналната серија против Вест Хем влетаа на теренот за големо славје со играчите, а беа корситени и факели па истото донесе до прекршок на бројни сигурносни протоколи.

Ајнтрахт во финалето славеше против Ренџерс со 2-1 со што избори пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.

Се вчитува...