УЕФА жестоко го „удри“ Милан: Парична казна и забрана за трансфери

Милан влезе во одлична серија победи и скокна до место на табелата што значи и влез во Лигата на шампионите, но „росонерите“ во следните денови ќе добијат „ладен туш“ од УЕФА, која ќе им ја испорача казната за прекршување на финансискиот ферплеј. Италијанскиот клуб имаше големи пропусти во финансиското работење, европската куќа на фудбалот неколку пати даваше шанса за консолидација, но јасно беше дека ќе следи казна.

Весникот „Република“ обелодени дека одлуката е веќе донесена и Милан воопшто нема да мине добро во целата ситуација, а како единствена олеснителна околност е што нема да биде изречена суспензија за европските натпреварувања. „Росонерите“ ќе треба да платат 20 милиони евра парична казна до УЕФА, а воедно ќе им биде изречена и забрана за трансфери за наредниот преоден рок. Ова ќе претставува сериозен удар за тренерот Џенаро Гатузо, кој се надеваше дека од јануари ќе го има на располагање „новиот Кака“, Лукас Пакета.

Трансферот на Бразилецот е веќе договорен, но Милан со оваа забрана нема да може да го регистрира како нов играч, туку ќе мора да го испрати на позајмица до крајот на сезоната.

Се вчитува...