УФЦ се врати: Гејтџи го нокаутираше Фергусон, следен е Хабиб (видео)

По неколкуте одложени спектакуларни мега-пресметки, УФЦ се врати со синоќешната програма на борби што се одржа во Џексонвил, Флорида. Спектаклот изостана од проста причина, што на трибините немаше навивачи, но тоа не му пречеше на Џастин Гејтџи да триумфира во „главната борба“ против Тони Фергусон, прекинувајќи ја серијата од 12 победи на големиот ривал.

Фергусон требаше да го предизвика за титулата Хабиб Нурмагомедов, но откако Русинот остана заглавен во својата земја поради коронавирусот организаторите го најдоа Гејтџи како „резервна опција“. Тој пријатно изненади, доминираше во голем дел од борбата, а клучните серија удари ги зададе во петтата рунда, кога Фергусон веќе едвај стоеше на нозе, па судијата немаше друг избори освен да му ја додели победата на Гејтџи.

Така, тој стана привремен носител на појасот во лесна категорија во УФЦ, а се очекуваа по стивнувањето на корона-кризата тој да влезе во октагонот со Хабиб Нурмагомедов.

 

Се вчитува...