Ујпешт и Дебрецен тргнаа по Кире Ристевски

Македонскиот фудбалски интернационалец Кире Ристевски имаше лоша сезона со својот тим Вашаш кој отпадна од елитната дивизија во Унгарија. По поразот од Хонвед во последното коло, Вашаш заврши на последната позиција на табелата и следната сезона ќе настапува еден ранг подолу.

Но, Кире Ристевски најверојатно ќе остане во Унгарија со оглед дека негова адреса веќе стигнуваат понуди за промена на средината. Според тамошните медиуми, Ујпешт и Дебрецен се сериозно заинтересирани да го доведат македонскиот репрезентативец во своите редови.

Шампионската титула во Унгарија ја освои Видеотон, каде настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Се вчитува...