Украина го губи местото, Мароко кандидат за домаќин на СП

Мароко треба да ја замени Украина и да им се приклучи на Шпанија и Португалија во заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година.

Веројатноста Украина да успее да се опорави од тековните воени конфликти и да биде домаќин на групната фаза на Светското првенство во 2030 година е минимална, а исто така постои неизвесност во раководството на тамошната федерација откако Окружниот суд во Печерск го отстрани првиот човек на организацијата Андреј Павелко од функцијата претседател на федерацијата.

Мароко е првиот кандидат кој ќе ја замени Украина во заедничката кандидатура, а предност на африканската земја е близината со Шпанија. Имено, на најблиската точка двете земји ги делат само 12 километри. Растојанието меѓу Украина и Шпанија е околу 1.600 километри, а Португалија е уште подалеку.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три земји – Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.

Се вчитува...