Италијанскиот фудбалски стратег, 55-годишниот Андреа Мулдера, е назначен за нов селектор на украинската репрезентација, објави претседателот на УАФ, Андриј Шевченко.
Мулдера стана првиот странски тренер на украинската репрезентација, а на клупата го замени Серхиј Ребров, кој ја напушти таа позиција откако не успеа во баражот да се пласира на Светското првенство.
„Андреа Мулдера е Италијанец со украинска душа. Работеше во репрезентацијата пет години, а потоа соработуваше со врвни клубови. Важно е што во оваа фаза има амбиција да направи нешто како главен тренер“, рече Шевченко.
Мулдера беше технички директор на украинската репрезентација до 2021 година, во време кога Шевченко беше селектор. Потоа беше помошник на Роберто де Зерби во Брајтон и Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
