Украинка го освои Мадрид, но не сакаше да се ракува со Русинката Андреева

Незапирливата Марта Костјук ја победи Мира Андреева со 6-3, 7-5 и го освои ВТА турнирот во Мадрид, за нејзина 11. победа и втора титула по ред. Најголемиот успех и најдобриот пласман во нејзината кариера за девојката која не доживеа пораз речиси месец и половина.

По мечот Костјук која беше преполна со емоции поради големата победа сепак не се ракуваше со противничката бидејќи е Русинка. И Мира Андреева беше полна со емоции и се расплака на крајот на мечот.

Девојката од Киев го постигна најголемиот успех во својата кариера со својата прва титула на турнирите од серијата 1000 и третата вкупно, а втора по ред по трофејот во Руан минатата недела.

Се вчитува...